Клубовите во Англија бараат санкција за Манчестер Сити и од Премиер лигата: Исфрлање од лигата…

Дерби

24/02/2020

13:21

1.241

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити ги прекрши правилата на Финансискиот Фер плеј и токму затоа доби казна од УЕФА која и изрече забрана за настап во ЛШ и ЛЕ во следните две години.

Сега клубовите од Премиер лигата бараат казна и од англиската ФА која допрва треба да одреди дали и како ќе го казни Манчестер Сити.

Повеќето од клубовите според „Атлетик“ бараат Сити да се казни парично и со одземање бодови, но сите од нив сметаат дека исфрлањето на тимот од лигата ќе биде циркузантски потег.

Од Мначестер Сити пак се уште се надеваат дека Спортскиот Арбитражен суд ќе ја укине казната што им ја врачија од УЕФА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг