Илон Маск и неговата партнерка нема да го откријат полот на детето бидејќи сакаат тоа самото да одлучи кој пол ќе биде

Кармин

24/02/2020

13:43

3.049

Големина на фонт

а а а

Кон почетокот на годината, канадската пејачка Клер Бушер, попозната под уметничкото име Грајмс која е во врска со Илон Маск, на Инстаграм објавила необична фотографија на која позира гола, a подоцна искоментирала дека е “напумпана”.

Иако тоа е веројатно најчудниот начин за откривање на бременоста, нивните фанови сепак биле воодушевени. 

Но, на изненадувањата им нема крај – неодамна, Грајмс на својот Твитер профил одговарала на прашања од фановите, а повеќето ги интересирало токму детето кое таа го очекува со милијардерот. На сите им е јасно дека овој пар нема да го одгледува детето на традиционален начин, но многумина останале изненадени од фактот дека тие не планираат да го откријат полот на детето.

На прашањето дали носи момче или девојче, Грајмс објаснила дека не сака да го открие полот бидејќи сака на детето да му дозволи тоа самото “да ја избере својата судбина и идентитет”.


“Не сакаме да му го одредиме полот во случај тоа да не се чувствува така”, напишала пејачката.

Исто така, признала дека е нервозна бидејќи наскоро ќе стане мајка за првпат во животот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk