Играчот кој подолг период се поврзува со Манчестер Јунајтед: Секако дека е убаво што се поврзувам со Манчестер Јунајтед

Дерби

24/02/2020

12:53

1.151

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Астон Вила, Џек Грилиш е меѓу првите кандидати за засилување на тимот на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.

Младиот фудбалер истакна дека е свесен за интересот и дека секако му годи што тим како Манчестер Јунајтед се поврзува со неговиот потпис.

– Секако дека е убаво шт се интересира Манчестер Јунајтед. Кој не сака да биде зборувано за него на таков начин? Но, да бидам искрен, сите вести ги читам со доза на скептицизам. Имаше вести и кога имав 19 години, кога се пробивав на сцената. Имав 19 години, а на интернет читав се, и не можев да си поверувам. Убаво е кога читаш позитивни работи за себе, но не дозволувам да влијаат многу на мене затоа што знам дека работите во фудбалот премногу брзо се менуваат, - изјави Грилиш.



Спонзорирани линкови

Маркетинг