Три жени се борат за живот по експлозијата во Романовце: Имаат изгореници на 80% од телото

Точка

24/02/2020

12:19

1.266

Големина на фонт

а а а

Три жени кои беа меѓу повредените во вчерашната стравична експлозија на плинска боца во куќа во кумановското село Романовце се во тешка здравствена состојба, потврди директорот на „КАРИЛ“, д-р Илир Хасани.

Експлозијата на плинска боца во семејна куќа во кумановското село Романовце однесе четири животи. На лице место загинаа три деца на возраст од осум, девет и единаесет години, а на Клиниката за неврохирургија во Скопје синоќа им подлегнал на повредите и 58-годишен маж.

Со тоа, епилогот на трагедијата во Романовце е четири загинати лица и шест тешко повредени.

„На нашите клиники има тројца пациенти, вчера еден маж почина. Две жени и еден маж. Состојбата на двете жени е доста тешка и критична, но се бориме со максимални сили да ја стабилизираме нивната состојба. Се работи за тешки изгореници, повреди и изгореници над 80 отсто, а мажот има изгореници кои се 45 отсто. Мажот има 65 години, а жените се на возраст од 35 и 50-тина години. Немаат други повреди, изгорениците се предоминатнти и тројцата се на апарти за вештачко дишење“, изјави д-р Илир Хасани, пренесува „СДК“.

Директорот на Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, д-р Љубен Арсенков дека на клиниката биле примени тројца пациенти, од кои едната 33-годишна пациентка има изгореници од 80% на телото.

„Таа е во крајно тешка состојба и е на машина за вештачко дишење и е со изгореници на дишните патишта. Втората пациентка е на 28 години со 25 отсто изгореници, таа е во седми месец од бременоста и состојбата се следи, како и дете на 10 години, кај кој има 75 осто изгореници. Сега е во стабилна, но тешка состојба“, изјави директорот Арнаудов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг