Продолжува да соборува рекорди: Уште едно достигнување на Били Ајлиш

Точка

24/02/2020

11:55

2.112

Големина на фонт

а а а

Младата американска пејачка Били Ајлиш го собори рекордот во Велика Британија со продажба на песната од филмот за Џејмс Бонд, која е издадена пред една недела.

Песната “No Time To Die” која се вика исто како и филмот за познатиот агент, е продадена во 90.000 примероци и во 10,6 милиони примероци во аудио стриминг за само 7 дена. Песната директно стигна на врвот како најпродавана песна во Велика Британија. 

“No Time To Die” е воедно и најпродавана песна од филмовите за Џејмс Бонд во првата недела од излегувањето. Во првата недела од емитувањето во 2012 година, песната “Skyfall” која ја изведе пејачката Адел беше продадена во 84,000 примероци. Били Ајлиш заедно со нејзиниот брат Финеас О’Конел ја компонирала и снимала песната “No Time To Die”.

Песната содржи гранџ меланхолија која е веќе препознатлива за младата уметница. Били која има само 18 години и пее во нов жанр на панк-рок стил веќе стана нов вид на поп ѕвезда. Таа оваа година доби Греми награди во неколку категории, помеѓу кои и албум на годината, песна на годината, музичко видео на годината и откритие на годината.


Ајлиш е најмладата уметница која снимила музика за филм за Џејмс Бонд, чие ново продолжение е закажано за април. Тоа ќе биде петтиот и веројатно последниот филм за Даниел Крег кој го глуми познатиот британски агент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг