"Старее како вино": 46-годишната Кејт во бикини го покажала своето извајано тело

Точка

24/02/2020

11:27

4.298

Големина на фонт

а а а

Кејт Бекинсејл ги израдувала фановите позирајќи во виолетово бикини кое одвај го покривало телото.

Кејт овој викенд позирала во виолетов дводелен костим за капење и го соборила Инстаграм со лајкови и коментари од фановите кои инсистирале дека старее како вино. 

Позната е по својот ригорозен фитнес, јога или компликувани пилатес вежби кои ги изведува и снимките ги поставува на Инстаграм.

Минатиот октомври оваа 46-годишна актерка поставила видео кое станало ултравиларно, а на кое изведува многу тешка вежба за истегнување. Со малку труд, Кејт успеала да ја крене ногата преку глава додека лежела на клуба за вежбање.

Ѕвездата докажала дека напорната работа во теретана и се исплатела со последниот пост, додека позирала во виолетово бикини. Стоејќи до вратата на бањата, блескала како и секогаш.

Под фотографијата напишала: "Кога вратите ќе се затворат, се отвара прозор. Или така е во бањата, ако луѓето имаат манири".

Во коментарите 4 милиони фанови го фалеле нејзиното тело, за кое сугерирале дека старее како вино.



Спонзорирани линкови

Маркетинг