Паника во Италија поради коронавирусот: Граѓаните со часови чекаа да влезат во продавниците каде најдоа празни полици...

Точка

24/02/2020

13:19

3.265

Големина на фонт

а а а

Во неколку помали италијански градови во регионите Ломбардија и Венето каде живеат околу 50 илјади жители, од вчера е на сила строг карантин.

Затворени се продавници, ресторани, барови, не се одржуваат миси во катедралите, одложени се карневалските прослави, затворени се градинките и училиштата, одложени се сите спортски и културни настани, а не работи ниту јавниот превоз.

Заштитни маски веќе одамна нема во аптеките, а од една аптека за „Кориере Дела Сера“ изјавиле дека нема повеќе заштитни маски ниту за сопствените потреби.


Голем број на Италијанци со часови чекаа пред супермаркетите за да купат намирници, а полиците беа празни.

„Изолираните градови нема да може да се напуштат, ниту во нив ќе може да се влезе. Тоа ќе го обезбедуваат полициските сили, а ако има потреба ќе биде ангажирана и војската“, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте додавајќи дека тие кои ќе ја прекршат одлуката на властите ќе се соочат со кривичен прогон.


Коронавирусот во Италија беше откриен кон средината на минатата недела, а веќе денес над 150 граѓани се заразени со смртоносниот вирус. Италија со тоа стана третата земја во светот по бројот на заразени, а според последните информации, четири лица починаа.




Спонзорирани линкови

Маркетинг