Зошто коронавирусот се шири толку брзо во Италија?

Точка

24/02/2020

22:14

22.891

Големина на фонт

а а а

Во само неколку дена во Италија биле откриени 150 случаи на коронавирус, а досега има заразени во пет италијански покраини. Три лица умреле.

Се очекува бројот на заразени да расте од час во час, пишува Corriere della Sera, кој додава дека кошмарот во Италија започнал во петокот наутро кога починала првата жртва. 

Само во покраината Ломбардија се заразени повеќе од 90, додека во Венето околу 25 лица.

Во само 48 часа од смртта на првата жртва две горенаведени покраини завршиле во блокада, во карантин. На улиците има војска и полиција, а училиштата, кината, базените и слично, се затворени на најмалку една недела.

Зошто вирусот се шири толку брзо?

Челниот човек на агенцијата за цивилна заштита, Ангело Борели, рекол дека не треба да се обвинуваат лекарите, но тие не ги препознале на време симптомите од коронавирусот. Освен тоа, и тие се заразиле бидејќи непримерно ги лечеле пациентите, наведува Indeks.

Италијанскиот весник пишува дека во болницата каде бил хоспитализиран првиот заболен пациент, најмалку пет доктори и медицински сестри се заразени.

"Не станува збор за бројот на направени тестови. Имало ситуации во кои не ги препознавме на време симптомите од коронавирусот. Лекарите имале проблем при идентификација на симптомите", рекол Борели.

Потсетуваме, првата заразена личност во Италија, 38-годишник, дошол минатата недела во болница, но бил ослободен со дијагноза на грип. Со оглед на тоа дека не патувал никаде лекарите не го тестирале на коронавирус, но неколку дена подоцна состојбата му се компликувала, па се вратил во болница како било откриено дека е заразен.

Вирлогот и научник од миланскиот универзитет, Фабрицио Прељаско рекол дека никој од лекарите не помислил на коронавирус бидејќи во Италија досега не бил забележан освен кај двајца туристи кои биле хоспитализирани кон крајот на јануари. Но тие дошле од Кина и биле на сосема друго подрачје.

"Едноставно немаше причини за сомневање во коронавирус, посебно бидејќи владееше грип. Италија се најде во ситуација во каква беше и Кина, се соочи со нов вирус. Вистината е дека за вирусот се зборува веќе еден месец, но ви Италија немаше друг случај освен тие туристи", додал тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг