Аларм во Јапонија: 23 патници го напуштиле крузерот без тестирања, една патничка била заразена

Точка

23/02/2020

13:01

2.582

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот министер за здравство, Кацунобу Като се извини денес откако јапонските власти дозволиле 23 патници да го напуштат крузерот “Diamond Princess” без повторно да бидат тестирање по истекот на двонеделниот карантин.

„Длабоко жалам поради нашата грешка. Ќе направиме се што можеме за да не се повтори слична грешка“, изјави министерот Като пред новинарите.

За целата вест да предизвика уште поголема паника во Јапонија, истовремено се покажало дека една патничка, инаку државјанин на Јапонија, по напуштањето на бродот била позитивна на Корона вирусот.


Таа го напуштила бродот во близина на Јокохама во средата после двонеделниот задолжителен карантин, но подоцна во префектурата Точиги било утврдено дека е позитивна на Корона вирусот.

Сето ова може да се должи и на најновото откритие на кинеските научници, кои тврдат дека периодот на инкубација на Корона вирусот би можел да биде и поголем од 14 дена. Тоа значи дека постои реална можност некои од патниците дури сега да покажат симптоми на болеста како што е случај кај последната патничка од крузерот.


Од јапонското Министерство за здравство соопштија дека повторно ќе бидат тестирани 23-те патници кои го напуштиле бродот без тестирање во текот на средата и четвртокот. Тие последен пат биле тестирани пред 5-ти февруари и сега јапонските власти се обидуваат да ги пронајдат за да бидат извршени тестирањата.

Крузерот со 3,700 патници и членови на екипажот беше ставен во карантин од 3-ти февруари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг