Трагичен крај на каскадерот кој сакаше да докаже дека Земјата е рамна плоча: Загина во пад на ракетата која ја направи сам

Точка

23/02/2020

11:48

9.089

Големина на фонт

а а а

Американецот Мајк Хјуз, каскадер од Епл Валеј, загина во калифорниската пустина при обидот да полета со ракета која што самиот ја направил, пренесува британски „БиБиСи“.

Неговата ракета на парен погон се срушила набрзо по полетувањето во близина на градот Барстоу. На социјалните мрежи се појави и снимка на која е забележан моментот кога ракетата е лансирана, за потоа да падне на тлото во близина.

Инаку Мајк „Мед“ Хјуз беше голем заговарач на теоријата дека Земјата е рамна плоча. Се надеваше дека на светот ќе му докаже дека нашата планета не е „топка“ со тоа што самиот ќе полета во земјината орбита.

Неговото кобно лансирање во саботата требаше да биде дел од новата телевизиска серија за аматерските производители на ракети “Homemade Astronauts” која ќе се прикажува на американскиот канал “US Science Channel”.

Хјуз со својата ракета од „домашна изработка“ се обидуваше да достигне висина од 1525 метри.

Минатата година тој со својата ракета успеа да достигне висина од 570 метри пред да го отвори падобранот и да слета на Земјата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг