Нервозниот Рамос откри што му кажа на главниот судија по крајот на мечот со Леванте

Дерби

23/02/2020

11:02

1.847

Големина на фонт

а а а

Серхио Рамос беше разочаран од поразот кој го претрпе Реал Мадрид на гостувањето во Валенсија, но покрај тоа што нагласи дека не треба да бараат алиби за неуспехот од Леванте во ВАР одлуките, им откри на новинарите што му порачал на судијата Ернандез Ернандез по крајот на мечот.

Капитенот на Реал во неколку наврати се обиде да разговара со главниот арбитар во текот на средбата, вклучувајќи го и моментот кога не беше досуден пенал за гостите по едно играње со рака во шеснаесетникот на Леванте. На крајот беше проценето дека станува збор за ненамерно играње со рака кое нема влијание на играта, но ако Рамос немаше забелешки за оваа одлука на луѓето во ВАР собата, не пропушти да нагласи дека е разочаран од однесувањето на главниот судија.

– Го завршувам мечот вознемирен и бесен поради Ернандез Ернандез. Порано судиите покажуваа голем почит и капитените може да зборуваат со нив. Ароганцијата е нешто што го имате или го немате. Со овој судија не може да зборувате. По крајот на мечот го прашав дали има некој личен проблем со мене. Ако е така, ќе го решиме. Одигравме одличен меч, но ни недостасуваше само гол. Имавме шанси, но не ги претворивме во гол. Загубиме самите, на крајот не ни е крив ниту судијата, ниту ВАР, – изјави Рамос.



Спонзорирани линкови

Маркетинг