Комична сцена во Манчестер: Не го препознале Игало, па го избркале од тренингот…

Дерби

23/02/2020

10:59

1.146

Големина на фонт

а а а

Неверојатна сцена се случила во тренинг центрите во Манчестер каде Одион Игало се подготвувал за стартот на авантурата меѓу „црвените ѓаволи“.

Нигерискиот напаѓач ги пропушти подготовките во Шпанија и остана да тренира во Англија поради мерки против Коронавирусит, и токму затоа ги користел терените во Витеншејв каде тренирал со цел да биде во што подобра форма пред и официјално да започне со тренинзи во Манчестер Јунајтед.

Додека тренирал, на тренинг дошол женскиот фудбалски тим на Универзитетот во Манчестер кој имал закажано тренинзи за тој период. Дел од стручниот штаб на клубот револтиран дека нивниот терен е зафатен побарал Игало да биде отстранет од терените.

Дури откако било утврдено дека станува збор за новиот напаѓач на Манчестер Јунајтед му било дозволено да ја заврши сесијата.

Еден од вработените за „Сан“ изјавил: -Никој не знаеше кој е тој и имаше малку напната ситуација. Девојките беа прилично лути затоа што некој им го зел теренот. Тимот сакаше да започне со тренинг сесијата, а на крај се заврши многу интересно и дел од нив се фотографираа со Игало, -порача изворот за „Сан“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг