Ибра постигна неверојатен гол и жестоко го прослави, судијата му го „украде“ и буквално го шокираше!

Дерби

23/02/2020

10:58

1.586

Големина на фонт

а а а

Милан испушти значајни два бода на гостувањето во Фиренца и не го искористи фактот што играше со играч повеќе, но покрај тоа што тренерот Пиоли се жалеше за пеналот кој им беше досуден на домаќините, фановите на гостинскиот клуб се уште не можат да сфатат зошто му беше поништен неверојатниот гол на Златан Ибрахимовиќ.

Ибракадабра изрежира вистинска минијатура во свој стил и во исклучително тешки услови успеа да ја затресе противничката мрежа, па токму поради тоа жестоко го прослави погодокот и славеше заедно со соиграчите. Сепак, главниот судија Калварезе доби препорака да ја прегледа одново ситуација на ВАР екранот, а по проверката, досуди контроверзно играње со рака од страна на Швеѓанецот на почетокот на акцијата.

Ибра не можеше да поверува дека судијата му го „украде“ најубавиот погодок по враќањето во Милан, но уште полути беа фановите кои на крајот не се израдуваа на трите бода.





Спонзорирани линкови

Маркетинг