Можеби сте, а можеби и не сте свесни како влијаат врз нас социјалните мрежи. Еве како да бидете присутни на нив и да се чувствувате добро.
На повеќето од вас им е природно да прелистуваат на Фејсбук и Инстаграм, а не сте ни свесни за неговото влијание.
Дали сте сигурни дека некоја објава нема да ве изнервира до таа мера што ќе ви го расипе денот? Или поради тоа што примате безброј информации па ни самите да не знаете што сакате и што ви се допаѓа? Ви носиме неколку совети како добро да се чувствувате на социјалните мрежи!
Да, ова од вас бара време и концентрација, но подоцна ќе ви биде драго. Погледнете кои профили ги следите, дали тие ве инспирираат или не. Бидете искрени, мобилниот телефон е првото нешто што наутро го земате во рака, додека го пиете кафето. Па, зарем не сакате прво да видите нешто убаво, што вам ви одговара? Ако некои луѓе на социјалните мрежи ви пречат, знаете дека едноставно можете да ги сокриете. Тоа е ваш избор.
Земете неделен одмор, одлучете да не ги следите социјалните мрежи пред спиење, одлучете дека кога ќе го шетате кучето нема куцање на телефонот. Направете си некое свое правило кое ќе го почитувате - поради себе.
Никој не вели да не ги забележувате убавите моменти или пејзажи од патувања, но не морате веднаш да поминете време гледајќи во екранот и размислувајќи за хаштазите. Инстаграм одамна не е „real time“ мрежа. Својата “wow“ фотографија можете да ја објавите и неколку часа или денови подоцна.