Луксузен крузер наменет само за возрасни: „Возбуден сум што дојде тој момент“

Точка

22/02/2020

21:22

7.234

Големина на фонт

а а а

Британскиот милијардер Ричард Бренсон го претстави својот нов луксузен крузер на кој ќе може да се качат само возрасни лица.

Крузерот е наречен „Scarlet Lady“, а претставен е во петокот. Бренсон се надева дека со својот модерен дизајн и правилата кои налагаат да се качат само возрасни лица - ќе привлече голем интерес. Крузерот ќе може да се користи од април, а воглавно ќе нуди крстарење низ Карибите, додека базата ќе му биде во Мајами.

„Scarlet Lady е навистина специјален. Работевме со водечки светски дизајнери, уметници и архитекти за да им понудиме на луѓето ново искуство“, рекол Бренсон, преставувајќи им го крузерот на медиумите.

Целната група на Бренсон му се возрасни, но сепак помлади луѓе, на кои сака да им понуди услуги кои не се достапни во многу други крузери.

„Сонував за тоа да започнам своја линија на крузери, возбуден сум што дојде тој момент“, рекол Брансон.

Цените се движат околу 19.000 долари по апартман, а најевтините кабини ќе чинат 1.600 долари. Во понудата има 3-дневно и 4-дневно крстарење.



Спонзорирани линкови

Маркетинг