Италијанската полиција ги испразнила контејнерите со кокаин за Крушопек, па за мамка пуштила еден килограм и систем за следење

Точка

22/02/2020

14:34

7.124

Големина на фонт

а а а

Две лица во рамките на оваа акција биле уапсени од Државната агенција за истрага и заштита во БиХ, а со оваа голема меѓународна акција се опфатени поголем број на луѓе од Италија, Црна Гора, Македонија и БиХ.

Станува збор за меѓународна акција со која е пресечен голем ланец за организиран шверц на дрога, а за кој најпрво дознала италијанската полиција, која во соработка со колегите од другите земји ја пуштила пратката. 

Имено, како што пишува Nezavisne, на едно пристаниште во Италија полицијата запленила неколку контејнери полни со кокаин, кои требало да бидат пратени во Бар во Црна Гора, а потоа и во Македонија и во БиХ.

Како што пишуваат понатаму, полицијата од контејнерите успеала да извади 970 пакети наркотици тешки 1.128 килограми, а лажната пратка со околу килограм дрога ја запечатила заедно со систем за следење, за да утврди за кого е наменета толку голема количина на наркотици.

"Nezavisne" пишува дека во Бар по пратката пристигнале шест камиони, од кои четири тргнале кон Македонија со запечатени контејнери, не знаејќи дека полицијата ги следи, а наместо наркотици во нив имало само килограм кокаин кој го оставиле истражувачите.

Другите два камиони отишле во БиХ, исто така не знаејќи дека возат празни контејнери, и дека истражувачите го следат и нивното патување.

ОД СИПА потврдиле дека учествувале во меѓународна акција за разбивање на шверц со кокаин, и дека две лица биле уапсени, но не прецизирале детали од акцијата ниту чиј е камионот со контејнерите кој влегол во БиХ.




Спонзорирани линкови

Маркетинг