Стапи на сила делумното примирје меѓу САД и талибанците

Макфакс

22/02/2020

14:26

1.109

Големина на фонт

а а а

На полноќ во Авганистан стапи на сила делумното примирје меѓу САД и талибанците, кое ќе го отвори патот за повлекување на американската војска и постигнување договор.

Договорот, како што најави американскиот државен секретар Мајк Помпео, ќе биде потпишан на 29 февруари во Доха.

Во текот на седумдневниот период на намалено насилство, нема да бидат изведувани големи офанзиви.

Според Помпео, договорот на крајот ќе доведе до траен прекин на огнот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг