Познат составот на Вардар за гостувањето кај Порто: Како аутсајдери ќе бркаме победа со истиот тим од дуелот со Мотор

Дерби

22/02/2020

14:01

995

Големина на фонт

а а а

Вардар се издигна над сите проблеми и пред неколку дена во „Јане Сандански“ го совлада тимот на Мотор Запорожје со што си обезбеди пласман во елиминационата фаза од Лигата на шампионите.

„Црвено црните“ сега ги очекува госутвање кај Порто кој е ривал на Вардар за петтата позиција на табелата која носи условно кажано полесен противник во осминафиналето.

Стевче Алушовски не направи измени во тимот, па со истите ракометари кои го понесоа товарот на средбата со Мотор ќе се соочи и против Порто.

Составот на Вардар за дуелот со Порто:

Чупиќ, Де Толедо, Дибиров, Димитриоски, Гедбан, Горбок, Горпишин, Калараш, Карапалевски, Кизиќ, Кјосевски, Кукуловски, Шишкарев, Сикошек Пелко, Скубе, Стоилов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг