Бруно Фернандеш оваа зима го засили тимот на Манчестер Јунајтед и треба да претставува една од клучните алки на тимот на Оле Гунар Солскјер во преостанатиот дел од сезоната.
Португалецот во неколку наврати изјавуваше дека негов сон било да заигра во Манчестер Јунајтед, а сега призна и дека инспирација за неговиот трансфер на „Олд Трафорд“ добил од својот сонародник, Кристијано Роналдо.
– Јас сум голем фан на Кристијано Роналдо и тој е играч кој јас секогаш го следев. Кога Кристијано се претстави на сцената во Манчестер, помина добар дел од својата кариера тука и имаше неверојатен успех. Токму затоа јас сонував да играм за Манчестер Јунајтед и сум многу задоволен што играм овде затоа што мојот сон од детството се оствари. Јас сум играч кој се приклучи на Манчестер Јунајтед и кој сака да освои се, сакам да го освојам секое натпреварување во кое е Манчестер Јунајтед. Јас сум амбициозен играч кој сака успех, - изјави Бруно Фернандеш.