Карлес Перез удри по својата Барселона: Клубот за мене е минато, ми го украдоа сонот…

Дерби

22/02/2020

13:58

1.639

Големина на фонт

а а а

Младиот фудбалер на Рома, Карлес Перез полека се навикнувана животот во Италија по неговиот јануарски трансфер од Барселона во главниот град на Италија.

Перез пред самиот почеток на оваа сезона го продолжи договорот со Барселона и затоа многумина се изненадија кога овој зимски преоден рок беше пратен во Рома.

Сега, за „Мундо Депортиво“ зборуваше фудбалерот кој призна дека во Барселона му го украле сонот да заигра редовно за првиот тим на „каталонците“.

– Видов дека се пишува во шпанските медиуми, но мислев дека се само шпекулации. Се сеќавам дека тој викенд планирав забава за пријателите, а на крај завршив на медицински прегледи во Рим. Тренерот Сетиен по само еден тренинг ми рече дека не смета на мене и дека тоа е тоа. Барселона за мене е минато, но признавам дека сум разочаран. Сон ми беше да играм за првиот тим на Барселона и кога конечно дојдов тука тие ми го украдоа тој сон. Вистина е дека повеќе немаат трпение со младите играчи од Ла Масија, што некогаш беше заштитен знак за клубот. Ви зборуваат едно, а прават нешто сосема друго. Немам лоша слика за Барселона, благодарен им су за се што направија за мене. Едноставно не ми се допадна како ме продадоа на крајот и тоа е се. Без никаква причина ми го украдоа сонот, - изјави разочараниот Карлес Перез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг