Левандовски призна дека во 2012 година преговарал за трансфер на Островот: Размислував за трансфер во Манчестер…

Дерби

22/02/2020

13:55

937

Големина на фонт

а а а

Полскиот напаѓач кој урива секакви рекорди носејќи го дресот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски птоврди дека во 2012 имал постојани преговори со Манчестер Јунајтед.

Левандовски тогаш го носеше дресот на Борусија Дортмунд и се поврзуваше со премин на „Олд Трафорд“, но според зборовите на Полјакот, германскиот клуб го блокирал трансферот.

– Зборував со Сер Алекс Фергусон по две години поминати во Дортмунд, и во тој период навистина размислував за трансфер во Манчестер Јунајтед. Сепак, Борусија Дортмунд го одби Манчестер и тоа беше тоа, - изјави Левандовски.

Полјакот после тоа остана уште две сезони во Борусија Дортмунд пред да направи трансфер во Баерн Минхен каде е и ден денес, додека Манчестер Јунајтед го донесе Робин ван Перси кој им помогна да стигнат до титулата во Премеир лигата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг