Паника во Италија поради коронавирусот: Повеќе од десет градови во блокада! Затворени училишта, продавници, ресторани..

Точка

22/02/2020

13:54

4.739

Големина на фонт

а а а

Во повеќе од десет градови во италијанските региони Лобардија и Венето на една недела се затворени сите училишта, продавници и ресторани поради ширење на коронавирусот во таа земја.

Првобитниот налог кој го издал министерот за здравство опфатил 10 градови околу Лоди, југоисточно од Милано, но и некои градови надвор од тоа подрачје, како што е Кремона, вовеле сопствени рестрикции, пренесува AP. 

Властите ги повикале граѓаните да останат мирни, откако во Италија биле потврдени 30 случаи на коронавирус, од кој починале две лица.

Истовремено, денес во Рим пристигнале 19 италијански државјани кои минатите две недели биле во карантин на крузерот Дајмонд Принцес, закотвен кај јапонското пристаниште Јокохама.

Тие биле префрлени во воената база Чекињола, каде во изолација ќе минат уште две недели.




Спонзорирани линкови

Маркетинг