Шокантни најави од Турција: Тврдат дека Љајиќ има коронавирус, Бешикташ се огласи со официјално соопштение

Дерби

22/02/2020

13:18

2.299

Големина на фонт

а а а

Во турските медиуми излегоа шокантни информации кои го поврзаа фудбалерот на Бешикташ, Адем Љајиќ со смртоносната болест, коронавирус.

Наводно српскиот репрезентативец бил ставен во карантин и поради висока температура не можел ни да стане од кревет.

Сепак, од Бешикташ веднаш се јавија со соопштение и ги демантираа ваквите најави, посочувајќи само дека фудбалерот нависитна има висока температура.

– Категорично демантираме дека нашиот играч се заболел од коронавирус. Имаше многу непроверени информации и шпекулации… Љајиќ е болен, имаше висока температура. Се работи за силно воспаление на крајниците, но неговата состојба е стабилна. Згрижен е, докторите одредија терапија и почнува со заздравување, -стоеше во соопштението од Бешикташ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг