Путин му одговорил на Ердоган: Мора да се почитува суверенитетот на Сирија!

Точка

22/02/2020

15:18

5.524

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин за време на разговорот со Ердоган изразил загриженост поради „агресивните постапки на екстремистичките групации во сириски Идлиб“, соопштија од Кремљ.

Рускиот претседател за време на телефонскиот разговор со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган, нагласил дека е неопходно безусловно да се почитува суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.

Од Кремљ открија дека претседателите на Русија и Турција се договориле дека дополнително ќе ги активираат консултациите во врска со Идлиб за да се намалат тензиите во тој регион, но и дека треба да се воведе прекин на огнот и да се неутрализираат терористичките закани.

Исто така од Москва соопштија дека контактите на ниво на Министерствата за одбрана на двете земји ќе се интензивираат.


Претходно од кабинетот на турскиот претседател беше соопштено дека Ердоган му се јавил на Путин и му нагласил дека неопходно е да се стопира офанзивата на сириската војска во Идлиб, иако тоа звучи премногу конфузно затоа што сириската армија оперира на сириска територија.

Тој исто така порачал дека тоа што моментално се случува во сириската провинција Идлиб може да се нарече војна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг