Коронавирусот удира и на властите: Техеранскиот градоначалник завршил во болница поради болест.

Точка

22/02/2020

12:06

2.446

Големина на фонт

а а а

Ирански службеник од Техеран е заразен со коронавирус, јавила денес државната телевизија.

Во извештајот се прецизира дека Мортез Рахманзадех, градоначалник на 13-тата област во Техеран, кој вчера бил хоспитализиран поради симптоми на коронавирусот, бил позитивен на тестовите, пренесува "Reuters". 

Случаи од вирусот COVID-19 се пријавени во неколку градови во Иран, а во таа земја досега умреле четири лица.

Според најновите податоци, во Кина од коронавирус досега заболеле 76.288 луѓе, додека 2.345лица починале.




Спонзорирани линкови

Маркетинг