Ирански службеник од Техеран е заразен со коронавирус, јавила денес државната телевизија.
Во извештајот се прецизира дека Мортез Рахманзадех, градоначалник на 13-тата област во Техеран, кој вчера бил хоспитализиран поради симптоми на коронавирусот, бил позитивен на тестовите, пренесува "Reuters".
Случаи од вирусот COVID-19 се пријавени во неколку градови во Иран, а во таа земја досега умреле четири лица.
Според најновите податоци, во Кина од коронавирус досега заболеле 76.288 луѓе, додека 2.345лица починале.