Тренерот на Еибар за Меси: Копилето знае кога…

Дерби

21/02/2020

20:55

3.379

Големина на фонт

а а а

Во текот на утрешниот ден се среќаваат Барселона и Еибар во редовното коло во Примера, меч пред кој во центарот на вниманието се најде тренерот на гостите Хосе Мендилибар.

Со оглед на тоа што Барселона следната недела ја очекува дуел со Наполи во ЛШ останува отворено прашањето дали и колку Лионел Меси ќе игра утре на „Камп Ноу“. Еден од оние кој верува дека Аргентинецот ќе настапи е Мендилибар кој верува дека на Меси не му е потребен одмор.

-Мислам дека нема да одмара. Копилето се одмара за време на натпреварите. Знае кога да учествува, кога да одмара. Ако добие слободен ден ќе му биде уште полошо да гледа што се случува од трибините и ќе биде поумерен, -смета предводникот на Еибар кој откри е една претходна ситуација со капитенот на Барселона.

-Еднаш со Осасуна отидовме да играме меч од Копа Дел Реј. Утрото Меси беше во „аут“ затоа што имаше проблем со стомакот и имаше треска. По јадењето, тој беше повикан, беше на клупата, губевме со 2-0 кога одеднаш го видов како се загрева. Влезе, ни даде два гола и загубивме со 4-0, -додаде Мендилибар за „Марка“.

Барса го објави списокот на натпреварот со Еибар, а во групата од 18 повикани играчи е и аргентинскиот репрезентативец.



Спонзорирани линкови

Маркетинг