Мурињо си даде огромен предизвик до крајот на сезоната: Тоа ќе биде мојот најголем подвиг во кариерата!

Дерби

21/02/2020

20:55

2.261

Големина на фонт

а а а

Жозе Мурињо никако не може да биде задоволен од среќата која го прати откако го презема Тотенхем, бидејќи не само што го загуби Хари Кејн, минатиот викенд се соочи со уште поголем шок со тешката повреда која ја заработи и Хјонг Мин Сон.

Португалецот остана без своите најдобри играчи во нападот и главни голгетери до крајот на оваа сезона, па токму поради тоа, пред големото дерби против Челси кое е на програмата в недела, Жозе истакна дека најголем подвиг во неговата кариера ќе биде доколку оваа сезона ја заврши како четвртопласиран на табелата.

– Дали топ четири пласман ќе биде мојот најголем подвиг? Во овие услови, дефинитивно да. Сони и Хари даваат најголем дел од головите за Тотенхем. Ако успееме да завршиме четврти без нив двајца, тоа ќе биде нешто неверојатно од овие момци. Мора да дадеме се што имаме, а потоа ќе видиме каде ќе не однесе патот, – изјави Жозе.



Спонзорирани линкови

Маркетинг