Клоп за повредата на Хендерсон: Имавме среќа, можеше многу полошо

Дерби

21/02/2020

20:54

1.017

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп денеска откри дека водел приватен разговор со Садио Мане на кој му објаснил зошто го извадил на полувреме на мечот со Атлетико во Лигата на шампионите, дуел на кој германскиот стручњак мораше и принудно да менува во вториот дел кога на болки се пожали Џордан Хендерсон.

Играчот за врска не можеше да го доигра натпреварот на „Ванда Метрополитано“, а денеска беше пренесено дека станува збор за мускулна повреда поради која ќе мора да паузира најмалку три недели. Ова го потврди и Клоп на прес-конференцијата, кој сепак нагласи дека ова можеле да биде многу полошо, без оглед на фактот што мали се шансите Хендерсон да се врати навреме за реванш дуелот со Атлетико на „Енфилд Роуд“.

– Хендерсон ќе биде во аут три седмици, или нешто повеќе. Тоа не е добро, но не е ниту лошо. Имавме среќа, можеше да биде многу полошо, – изјави Клоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг