Емили Ратајковски изгледа предизвикувачки и во најздодевното парче облека!

Кармин

21/02/2020

16:42

4.229

Големина на фонт

а а а

Исто како и многу заљубенички во модата, манекекнката Емили Ратајковски моментално е во Милано каде што е во тек модната недела.

Наместо да шета по пистата, таа ревиите ги следи од првите редови во публиката, од каде привлекува внимание со своите вообичаени предизвикувачки комбинации.


А за тоа дека е во состојба и најздодевното парче облека да го претвори во сексапил - потврди со своето прво “миланско“ издание.

Манекенката е фотографирана за време на прошетка низ градот во свиленкаст црн балонер, кој во горниот дел го откопчала и го нагласила своето бујно деколте, а очигледно не носела градник.


Исто така, ременот кој го стегнала во струкот ја нагласил нејзината витка линија, додека долниот дел оставал впечаот на женствена фигура како песочен часовник.

Балонерот го искомбинирала со високи кожни чизми и црна чанта, а и на ревијата на модната куќа „Prada“ се појавила во вакво, според многумина, здодевно парче облека.


За таа прилика избрала кафен модел со потпис од домаќинот на ревијата, со кој целосно се покрила и исто така го искомбинирала со високи чизми, а и во овој модел изгледа беспрекорно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk