Ердоган збесна: Ова во Сирија е војна, веднаш ќе разговарам со Путин!

Точка

21/02/2020

18:20

6.058

Големина на фонт

а а а

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган порача дека во сириската провинција Идлиб се води војна откако сфати дека Русија нема да ги напушти сириските војници и ќе продолжи да ги поддржува со своето воено воздухопловство.

„Ова што се случува сега во сириски Идлиб може да се нарече војна. Веќе ги започнавме таму своите операции“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кој е свесен дека турските војници ќе мора да се соочат и со руските сили доколку продолжат со исто темпо.

Ердоган додаде дека денес ќе разговара телефонски со својот руски колега, Владимир Путин за ситуацијата во Сирија и призна дека акциите на турската армија ќе зависат од резултатот на тој телефонски разговор.

„Денес ќе разговарам со Путин. Ќе дискутираме за се што се случува во Идлиб. Резултатите на тој разговор ќе го одредат однесувањето на Турција. Нема да ги напуштиме своите позиции во Сирија се додека таму трае насилството на силите на сириската армија“, изјави Ердоган.

Според неговите зборови, за време на операцијата на турската армија во Идлиб кои се одвивале заедно со про-турските терористи во Сирија, биле убиени 150 сириски војници, биле уништени 12 тенкови, три оклопни возила и 14 против-воздушни системи.

Сепак, информациите кои што доаѓаат од Русија говорат нешто сосема поинакво – сириската армија со поддршка на руското воено воздухопловство успеала да одбие масивен напад организиран од про-турските терористи кои добиле поддршка од турската артилерија.

Во нападот учествувале руските „Су-24“ бомбардери кои уништиле 50-тина оклопни возила на терористите и цели магацини со оружје кое што пристигнало од Турција. Наводно во сирискиот воздушен простор навлегол и Турски „Ф-16“ борбен авион кој набрзо се вратил во Турција откако му се приближиле два руски „Су-35“ ловци. Во пресметката имало големи жртви и на страната на терористите, а наводно биле убиени и тројца турски војници. На крајот, сириската армија сепак го одбила нападот и ја добила битката.



Спонзорирани линкови

Маркетинг