Ибрахимовиќ по натпреварот со Торино му се пуштил на еден соиграч, ситуацијата била тензична

Дерби

21/02/2020

15:59

2.288

Големина на фонт

а а а

Златан Ибрахимовиќ веднаш по доаѓањето во редовите на Милан се обидел да ги преземе работите во свои раце.

Швеѓанецот е најискусен поединец во тимот, и разбирливо е дека е доведен да биде лидер во намерата клубот да се издигне од црнилата во кои западна посебно оваа сезона.

„Тутомеркато“ пишува дека и покрај победата, Ибрахимовиќ не бил задоволен од залагањето на Лукас Пакета и токму затоа во соблекувалната директно му се обратил на Бразилскиот фудбалер.

Ибрахимовиќ создал голема тензија со тоа што директно му викал на играчот кој за среќа не реагирал бурно, туку само ја спуштил главата и признал дека одиграл лош натпревар.

22 годишниот Пакета веројатно ќе го започне од клупата за резервни фудбалери следниот натпревар против Фиорентина.



Спонзорирани линкови

Маркетинг