Ова е најсмртоносното оружје кое го направил човекот: За половина час 280 градови ќе претвори во пепел

Точка

21/02/2020

16:42

6.267

Големина на фонт

а а а

Атомските подморници вооружени со моќни нуклеарни ракети се најсмртоносното оружје кое човековиот вид некогаш го создал, пишува "National Interest".

Весникот наведува 5 американски и руски подморници, кои можат да го уништат светот, а прва е американската подморница од типот "Охајо", која во Студената војна можела за "помалку од половина час 288 цели да претвори во радиоактивен пепел". 

Зад неа се наоѓа подморницата од тип "Колумбија", чија изградба треба да почне оваа година во САД.

Што се однесува до руските подморници, се споменува "најтивката подморница" со балиситчки ракети од проектот 955А "Бореј-А", која е вооружена со ракети "R-30 Булава", подморница од проектот 667BDRM Делфин, вооружена со балиситчки ракети "Синева" и подморниацта од проектот "855M Јасен" со крстаречки ракети 3M-14 Калибар.

Според претходните пишувања на весникот, руските нуклеарни подморници на проектот "Бореј" може да ја опустошат Америка, дури и ако другите нуклеарни сили на Русија бидат уништени во "прв напад".

Според државниот програм за вооружување на РУсија, планирана е изградба на осум подморници од класата "Бореј".

Од нив три се веќе изградени и веќе се во составот на руската флота - "Јуриј Долгораки", "Александар Невски" и "Владимир Мономах". Четвртата подморница, "Кнез Владимир" моментално е во фаза на тестирање.



Спонзорирани линкови

Маркетинг