“Мразам тенис, го играм само поради парите”: Интервјуто на 55-тиот играч на светот ја запрепасти јавноста

Супермен

21/02/2020

10:10

3.476

Големина на фонт

а а а

Казахстанскиот тенисер Александер Бублик ја шокираше јавноста со интервјуто кое го дал за францускиот “L'Équipe”.

55-тиот тенисер на АТП листата го оставил тенискиот свет без текст со изјавата дека мрази тенис и го игра само за да заработи пари. 

“Го мразам со целото мое срце. Играм тенис само поради парите. Ништо позитивно нема во тоа што станав тенисер”, изјавил 22-годишниот Бублик кој е висок речиси 2 метри.

Потоа дополнително го појаснил своето размислување.

“Доколку немаше пари во тенисот одамна би го напуштил. Веднаш би престанал да играм. Во овој момент не заработувам доволно на другата страна, па морам да играм. Сè уште не сум во ситуација како мојот пријател Бернард Томиќ, но не сум ни далеку од него”, признал Бублик.

Казахстанецот вели и дека едвај чека да оди во пензија и да игра тенис исклучиво од забава.


“Го сакам спортот и удирањето на топки. Сигурно ќе продолжам да играм тенис кога ќе се повлечам, можеби и ќе умрам играјќи го, но на професионален план, мака ми е од овој спорт. Мака ми е постојано да играм против нови ривали. Тешко ми е. Некогаш морам да играм и со болки, морам да играм дури и ако мојата девојка ме напушти, тоа е дел од тенисот кој го мразам. Во тимскиот спорт секогаш можете да му кажете на тренерот дека не сте фит и не мора да играте. Во тенисот тоа не е возможно, но јас не сум добар во тимските спортови”, заклучил тенисерот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk