Со коронавирус заразени и затвореници: Во два затвори во Хубеј заболеле 234 лица, кинеските власти веќе ги смениле надлежните

Точка

21/02/2020

08:33

1.618

Големина на фонт

а а а

Во два затвори надвор од провинцијата Хубеј, жариштето на коронавирусот, 234 лица се заразиле со вирусот, а надлежните за кои се смета дека се одговорни за таа епидемија се сменети, соопштиле денеска властите.

Станува збор за два затвори во севернaта провинција Шандонг и источната Жеџијанг.  

Како што пренесува Ројтерс, сменет е шефот на провинциската правосудна служба во Шандонг по информацијата дека во затворот во градот Џининг, 207 лица се позитивни на вирусот. Сменети се уште 7 затворски службеници.

Првиот случај на зараза бил утврден на 13-ти февруари кај еден затворски службеник. Ваквата ситуација покажала дека некои затворски управи биле немарни и не ги спровеле на правилен начин мерките за превенција од епидемија, изјавил Ју Ченге, заменик генерален секретар на провинциската влада во Шандонг.

Во затворот во Жеџијанг, оваа недела биле заразени 27 осуденици поради што бил сменет управникот на затворот.

Бројот на нови случаи на коронавирус во Кина и денеска продолжи да опаѓа, по што биле потврдени уште 889 случаи на заразени. Во последните 24 часа биле пријавени вкупно 75.456 случаи на коронавирус, а бројот на починати пораснал на 2.236 лица со што биле забележани уште 118 жртви.

Повеќе од 1.000 случаи и 11 починати лица биле потврдени надвор од континенталниот дел на Кина. Бројот на нови случаи на коронавирус веќе со денови е во пад во Кина.

“Трендот на опаѓање нема да се промени”, изјавил заменик главниот секретар на Државниот совет и член на надзорната владина група, Динг Сиангјанг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг