Коронавирусот ја чува околината и Планетата: Шокантен извештај на еколог покажал дека епидемијата донела и нешто добро

Точка

20/02/2020

18:32

4.209

Големина на фонт

а а а

Епидемијата на коронавирусот која ја парализирала кинеската економија, има позитивно влијание на околината, со оглед на тоа дека емисијата на јаглерод-диоксид во последните 2 недели во таа земја се намалила за најмалку 100 милиони кубни тони.

Тоа е речиси шест проценти од глобалната емисија во однос на истиот период минатата година, било објавено во истражувањето на финскиот центар за истражување на енергија и чист воздух. 

Брзото ширење на коронавирусот, кој во Кина усмртил повеќе од 2.000 и заразил најмалку 74.000, резултирал со пад на побарувачката за јаглен и нафта, што резултирало со пад на емисијата на јаглерод-диоксид, покажале резултатите од истражувањето.

Во минатите две недели дневното производство на електрична енергија во електраните за јаглен била на 4-годишно ниво, во споредба со истиот период минатата година, додека производството на челик потонало на 5-годишен минимум.

Кина е најголем светски увозник и потрошувач на нафта, но нејзиното производство во рафинериите во покраината Шандонг паднало на најниско ниво од есента 2015-та година.

Економската активност во Кина обично се зголемува по празниците околу кинеската Нова година, а оваа година почнала на 25-ти јануари.

Меѓутоа, властите оваа година во многу делови од земјата празниците ги продолжиле за една недела, настојувајќи да го спречат ширењето на епидемијата.

Мерките за сузбивање на ширењето на коронавирусот резултирале со намалување на производството од 15 до 50 проценти во клучните индустриски сектори.

"На овој начин веројатно во последните две недели за една четвртина или повеќе се намалила емисијата на CO2. Тоа е период во кој во вообичаени околности економските активности би продолжиле по кинеските новогодишни празници".

Сепак, еколозите предупредуваат дека намалувањето е само привремено.

"Откако вирусот ќе се смири, многу е веројатно дека ќе се соочиме со зголемено производство кое ќе ги компензира загубите", рекол Ли Шуо, советник за политика на кинескиот Greenpeace.



Спонзорирани линкови

Маркетинг