Поранешната ѕвезда на Дизни на снимање на порно филм тргнала облечена како калуѓерка

Точка

20/02/2020

18:03

6.906

Големина на фонт

а а а

Бела Торн се приклучила во тимот на "Pornhub" и продуцирала филм за возрасни кои освоил многу награди.

Поранешната ѕвезда на Дизни, Бела Торн, радикално го променила изгледот за потребите на новиот филм и се облекла како калуѓерка. 

Таа минатата година ја сменила насоката во кариерата кога почнала да го снима својот прв филм за возрасни на сајтот на "Pornhub".

22-годишната актерка го снимила филмот со име "Her&Him". Тоа се исплатело бидејќи ја однела престижната награда "Vision" на "Pornhub" доделувањата кои се одржуваат два пати годишно. Победила во конкуренцијата за најдобар режисер, а сега се подготвува за снимање на нов филм.

Бела, која својата кариера ја започнала со улогата на Зендаја во филмот "Shake it Up", споделила фотографија на која е облечена како калуѓерка.

Го задржала сериозниот изглед, а околу вратот носела крст.

"Не е ваша работа, нова недела, нов филм", напишала таа.

На фановите им се допаднал нејзиниот нов изглед.

"Сега си незапирлива", "Сјаеш", "Тебе се ти стои убаво", биле само некои од коментарите на фановите.

Таа во едно интервју зборувала за снимањето на филмови за возрасни.

"Процесот на снимање е многу интересен бидејќи на сетот се случува вистински секс. Ова е прв филм што сама го продуцирав комплетно и беше едно забавно искуство", заклучила таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг