Audi RS Q3 Sportback - трендсетер кој пршти од моќност и стил

Точка

20/02/2020

15:56

2.850

Големина на фонт

а а а

Спортското одделение на Audi ја проширува својата гама RS со нов концепт на возило кое доаѓа во форма на купе изведеница од практичниот SUV, Q3.

Станува збор за RS Q3 Sportback чија задача е да биде трендсетер во сегментот. Според прикажаното се чини дека RS Q3 Sportback лесно ќе ја исполни задачата. Нема двојби дека компактниот SUV купе пршти од стил поткрепен со масивна моќност и врвна возна динамика. Овој врвен спортист е практичен, полн со опрема и нуди доволно комфор и возачко задоволство за исполнување на комплексните барања на октанските зависници. Со 400 КС под хауба, прославениот погон на четири тркала на Audi, Quattro и ловот на темпо „100” за 4,5 секунди, RS Q3 Sportback е моќник со низа таленти за кои многумина сонуваат, а малкумина ќе ги уживаат.

АТЛЕТА СО ОСТРА ДЕФИНИЦИЈА

RS Q3 Sportback плени со својот настап. Пршти од стил со нагласена агресивност која ја открива моќта и способностите кои се сокриваат под ламарината. Острите линии го нагласуваат атлетскиот настап. Маската наликува на разјапена челуст спремна да го проголта пленот. Решетките како саќе во тридимензионална форма и во сјајна црна боја дополнително ги нагласуваат масивните отвори за довод на воздух. Впечатливите сечива во облик на бумеранг ексклузивно скроени за RS Q3 Sportback го прават уште поостар и совршено одговараат со накосеното задно стакло, набабрените страници и вертикалните отвори за одвод на врел воздух во задниот браник. Дека нè „шишнал“ спортист со педигре од RS дознаваме по двата издувни топа во форма на елипса кои штрчат од функционалниот дифузор. Дизајнерите дури смешале посебна зелена боја наречена Kyalami green за настапот на RS Q3 Sportback да биде уште поекстровертен.

МОДЕРЕН КЛАСИК

Простете, не зборуваме за дизајн туку за мотор. Компактната енергана од пет цилиндри на Audi Sport која девет пати по ред ја освојува интернационалната титула: „Мотор на годината”, со 2.5 литарскиот петцилиндричен бензинец со турбо натполнење претставува модерен класик меѓу моторите. RS Q3 Sportback е навиен на 400 КС кои на возачот му стојат на располагање меѓу 5850 и 7000 min-1. Уште позначаен е масивниот вртежен момент од 480 Nm кои се испорачуваат меѓу ниски 1950 и 5850 min-1. Сето ова е доволно за буквално катапултирање од место до 100 km/h за 4,5 секунди и за лов на ограничената максимална брзина од 250 km/h. Секако Audi нуди опција за поставување на повисок лимит на максималната брзина од 280 km/h, но сепак тоа не се крајните можности на беснотилакот од 2.5 литри кој може да го турка RS Q3 Sportback многу побрзо. Покрај спортските перформанси петцилиндарецот нуди и соодветна звучна кулиса. Благодарение на непарниот број на цилиндри и невообичаениот ред на палење на цилиндрите: 1-2-4-5-3 се добива длабок и уникатен тон кој е поткрепен од двојниот издув. За оние со истенчен слух Audi нуди опционален спортски издув кој дополнително го акцентира невообичаениот ритам на петте цилиндри и нивниот неповторлив звук.

Повеќе прочитајте на Клуб Мобилити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг