Обожавател ѝ порачал на Селма Хаек дека користи премногу ботокс, актерката му возвратила на културен начин

Кармин

20/02/2020

11:43

5.702

Големина на фонт

а а а

53-годишната актерка Селма Хаек и во шестата деценија од животот го воодушевува светот со својата природна убавина.

Холивудската ѕвезда неодамна објавила фотографија на Инстаграм на која позира покрај палма, а до израз дошло нејзиното лице. 

“Ветер, воздух”, напишала кратко Селма.

По објавата следела лавина од коментари, а обожавателите ѝ порачале на актерката дека изгледа фантастично. Меѓутоа, еден нејзин обожавател смета дека таа користи премногу ботокс.

“Премногу ботокс. Не е потребно, Селма!”, напишал обожавателот во коментари под фотографијата.

Хаек одлучила да изреагира на тоа и му одговорила на обожавателот на културен начин.

“Немам ботокс, но ти благодарам на советот бидејќи размислував дека можеби е време за тоа”, му возвратила Селма на коментарот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk