Стам го спореди Фернандеш со една легенда на Јунајтед: Кога е во прашање фубалската интелигенција…

Дерби

20/02/2020

10:27

585

Големина на фонт

а а а

Холандската легенда, Јап Стам дел од својата кариера мина во премиерлигашот Манчестер Јунајтед и многу добро знае што значи да се носи дресот на овој клуб и каква тежина има истиот.

„Црвените ѓаволи“ по заминувањате на сер Алекс Фергусон не се истата екипа и имаат доста проблеми, но работат на тоа да се вратат на старите патеки и во моментов таа задача ја има Оле Гунар Солскјер.

Норвежанецот полека ги добива засилувањата кои ги бара, а меѓу последните беше Бруно Фернандеш од Спортинг Лисабон. Португалецот почна да игра и веќе ја запиша првата асистенција, ама допрва се очекува да го прикаже најдоброто и да има клучна улога во овој состав. Според Стам португалскиот репрезентативец може да биде новиот Полс Сколс во Јунајтед.

- Мислам дека Фернандеш е сличен со Сколс. Секогаш гледа да игра напред. Има способност да дава голови, добро изведува слободни удари, има одлично додавање. Секогаш се обидува да дојде до одредени делови, да ја има топката и има влијание врз играта. Не е идентичен како Сколс кој беше повеќе агресивен без топка. Ама кога е во прашање фудбалската интелегенција е сличен со Сколси, - истакна Стам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг