Почина човекот кој ги измисли опциите "Cut, Copy & Paste": Нашата работа денес е многу полесна благодарение на неговите идеи

Точка

20/02/2020

10:15

2.365

Големина на фонт

а а а

На 74 години почина Лери Теслер, човекот кој ги измисли опциите "Cut, Copy & Paste" кои значително го олеснија нашето работење на компјутер.

Теслер започнал да работи во Силиконската долина во 60-тите години од минатиот век во времето кога компјутерите не биле баш достапни. Благодарение на неговите иновации, односно опциите "Cut, Copy & Paste", персоналните компјутери станале поедноставни за користење.

Корпорацијата "Xerox" во која Теслер поминал дел од својата кариера му оддаде почит.

„Лери Теслер кој ги измисли опциите Cut, Copy & Paste, како и Find & Replae и многу други, беше поранешен истражувач на Xerox. Вашата работа денес е полесна благодарение на неговите револуционерни идеи“, напишаа од компанијата на Твитер.

Теслер е роден во Бронкс во Њујорк во 1945-та година, а студирал на Универзитетот Стенфорд во Калифорнија. Откако дипломирал, специјализирал во дизајнот на корисничкиот интерфејс за компјутерските системи да ги направи подостапни и поедноставни за користење.

Работел за бројни технолошки компании во текот на својата кариера. Започнал во истражувачкиот центар "Xerox", а потоа Стив Џобс го повикал во "Apple" каде што работел 17 години. Потоа отворил стартап за едукација, а кратко работел и за "Amazon" и "Yahoo".


Неговата најпозната иновација, опцијата "Copy & Paste" наводно се темели на стара метода за уредување на текст, кога дел од зборовите физички се сечеле и лепеле на некое друго место.

Тие наредби биле вградени на "Lisa", софтверот за компјутери на "Apple" во 1993-та година, како и на оригиналниот "Macintosh" кој бил претставен една година подоцна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг