Јута донесе закон според кој полигамијата е прекршок, а не кривично дело

Макфакс

20/02/2020

09:29

924

Големина на фонт

а а а

Сенатот на американската сојузна држава Јута едногласно одлучи полигамијата да не биде кривично дело туку прекршок, објави Би-би-си.

Според досегашниот закон, на луѓето со повеќе сопружници им се закануваше затвор до пет години. Заговорниците на декриминализацијата тврдат дека новиот закон ќе ја намали тајноста на заедницата која го практикува овој начин на живот и на жртвите ќе им помогне да пријавуваат злоставување. 

Критичарите, пак, сметаат дека со ова ќе се зголемат случаите на злоставување.

Новиот закон треба да го потврди Претставничкиот дом на Јута за да стапи на сила. Според него, полигамијата, односно бракот со повеќе луѓе, ќе се смета за прекршок, како оние на пример во сообраќајот. Присилната полигамија ќе се смета за кривично дело.

Се верува дека во Јута во полигамија живеат повеќе од 30.000 луѓе.

Полигамистот Том Грин во 2001 година стана првиот маж осуден на затвор поради брак со пет жени со кои бил повеќе од 50 години. Подоцна бил осуден и за силување малолетничка затоа што една од неговите сопруги имала 13 години кога останала бремена.



Спонзорирани линкови

Маркетинг