Први детали од масакрот во Германија: Убиецот оставил видео и писмо, откриена е содржината

Точка

20/02/2020

09:28

5.879

Големина на фонт

а а а

Германскиот весник „Билд“ на својата интернет страница пренесува дека извесен Тобиас Р. е напаѓачот кој утринава во градот Ханау уби најмалку осум лица.

Напаѓачот според досегашните информации влегол во бар и започнал да пука кон луѓе кои пушеле наргиле, не бирајќи жртви. Како што пренесува споменатиот медиум, најголем дел од жртвите биле Курди.

Убиецот зад себе оставил писмо и видео порака. Во писмото напишал дека треба да биде убиена „одредена група на луѓе“ од што може да се заклучи дека станува збор за уште еден вооружен напад чии што мотиви се екстремистички.

##https://twitter.com/SeloSays_DTG/status/1230241824092102658?s=20##

Како што пренесуваат германските медиуми, писмото кое што убиецот го оставил зад себе покажува дека станува збор за лице со сериозни ментални пореметувања, затоа што текстот бил исклучително конфузен.

Напаѓачот откако го извршил масакрот во наргиле барот во германскиот град Ханау во близина на Франкфурт побегнал од местото со темен автомобил. „Билд“ пренесува дека станува збор за германски државјанин, дека во неговиот автомобил била пронајдена муниција и магазини за оружје и дека имал дозвола за оружје за лов.


Инаку, Ханау е град со 98 илјади жители и се наоѓа на 25 километри источно од Франкфурт.



Спонзорирани линкови

Маркетинг