Градските власти на Амстердам имаат план: На местото на „Црвените фенери“ ќе се гради порно суперхотел

Точка

20/02/2020

08:49

3.356

Големина на фонт

а а а

Амстердам планира изградба на еротски комплекс со клубови, театри и други содржини посветени на сексот или хотел за проститутки во рамките на планот за преуредување на познатиот кварт на „Црвените фенери“.

Хотел за проституција со затворени прозори или еротски центар се најверојатните опции според градскиот совет на Амстердам чии планови беа откриени деновиве.

„Тие опции нудат најголеми предности и најмалку проблеми“, сметаат градските власти.

Градоначалничката на Амстердам, Фемке Халсема започна со „чистење“ на познатите улици на „Црвените фенери“ кои ги посетуваат секојдневно илјадници туристи кои најчесто се во алкохолизирана состојба, немаат никакво почитување кон проститутките и им прават проблеми на локалните жители.


Халсема изјави дека е загрижена од порастот на тајната протитуција околу тој познат дел на холандскиот град.

Во последните неколку месеци градските власти организираа неколку средби со сексуалните работнички, сопствениците на зградите и другите луѓе вклучени во проституцијата за да ги слушнат нивните размислувања.

„Се разгледуваат неколку сценарија. Тие вклучуваат одредување на простор за вршење на сексуални услуги во нашиот град“, соопштија од советот на град Амстердам.


На пример, доколку просторот е предалеку, поголем е ризикот за безбедноста и потежок е надзорот. Местото мора да биде достапно со јавен превоз. Според градскиот совет, сексуалната работа е нормална работа и тие немаат намера да ја истераат проституцијата од градот.

Двете опции кои се разгледуваат се хотел за проституција или еротски центар, односно суперхотел кој би нудел разни други услуги покрај услугите на сексуалните работнички.



Спонзорирани линкови

Маркетинг