Коронавирусот продолжува да носи жртви: Починаа вкупно 2.126 лица, заразени 75.600

Точка

20/02/2020

08:17

683

Големина на фонт

а а а

Од коронавирусот досега починаа 2.126 лица, заразени се 75.600, а во последните 24 часа во кинеската провинција Хубеј во која за првпат се појави вирусот, заболеле уште 349 лица, што е најмал број на заболени во текот на еден ден.

Сепак, експертите наведуваат дека тоа е најверојатно поради промена на сфаќањето што претставува “потврден случај на вирусот”, односно според најновите насоки, кинеската влада повеќе нема да ги вбројува клинички дијагностицираните пациенти туку само лабораториските, додека другите ќе се сметаат за сомнителни случаи, пренесува “CNN”. 

На крузерот “Diamond Princess” починаа двајца патници од коронавирусот. Станува збор за лица на возраст од 80 години, но не се соопштени нивниот пол и националност.

На овој брод се откриени вкупно 624 случаи на вирусот, додека здравите патници беа пуштени по 14-дневниот карантин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг