Роденден од соништата: Водителката Елена Стефановска на романтично патување со своето момче

Точка

19/02/2020

21:38

9.360

Големина на фонт

а а а

Денеска ѝ е роденден на познатата македонска водителка Елена Стефановска, која ја води емисијата „Живот со стил“ на ТВ 24.

На сите нејзини следбеници на Инстаграм веќе добро им е познато дека водителката сака егзотични патувања и дека редовно известува од “местото на настанот“, кога ќе успее да најде време за одмор од работните обврски.

Стефановска веќе некое време јавно објавува фотографии од својот партнер, па така и овој пат не сокри дека токму со него го прославува својот роденден.


Минатата година нејзиниот ден го прослави во романтичниот Париз, додека оваа година замина во Италија.

Елена веќе неколку денови е во Италија и сподели неколку фотографии оттаму, освен што денеска ги споделува роденденските честитки од нејзините фанови и пријатели на Инстаграм.

„Прави нешта што те прават среќен“, напиша водителката под една од фотографиите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг