Солскјер не е сигурен дека Рашфорд ќе игра повторно сезонава

Дерби

19/02/2020

20:45

723

Големина на фонт

а а а

Повредата на Маркус Рашфорд е голем удар за Манчестер Јунајтед, но менаџерот Оле Гунар Солскјер беше оптимист дека напаѓачот ќе се врати во тимот пред крајот на сезоната.

Неговата најнова изјава сепак најавува нешто друго, односно Норвежанецот објаснил дека враќањето на Рашфорд е неизвесно и тешко предвидливо.

– Не можеме да го брзаме, се надевам дека ќе игра повторно сезонава, но тоа не може да се предвиди.

– Не сум доктор, но факт е дека очекував побрзо да се рехабилитира, јасно е дека ќе отсуствува неколку месеци, – изјавил Солскјер кој наметна дилема и дали Рашфорд воопшто ќе игра и на Европското првенство.

– Мојата надеж е дека ќе игра пред да заврши сезоната, но ако не биде фит нема да игра ниту на ЕП, – истакнал менаџерот на Јунајтед.



Спонзорирани линкови

Маркетинг