Ванда Нара: Икарди во Јувентус? Не знам дали…

Дерби

19/02/2020

20:29

1.461

Големина на фонт

а а а

Мауро Икарди оваа натпреварувачка кампања ја игра во Пари Сен Жермен како позајмен играч од Интер, па останува отворено прашањето дали тој ќе остане во сегашната средина или во следната кампања ќе го гледаме во нов клуб.

„Светците“ имаат право да го откупан договорот што е и реално со оглед на партиите на Аргентинецот кој има 11 голови на 18 лигашки натпревари, меѓутоа се уште нема ништо официјално на оваа тоа и тоа го потврди сопругата, агентот на напаѓачот Ванда Нара.

-Дали Мауро ќе се пресели во Јувентус? Не знам. Не знам дали следната година ќе се вратиме во Милано или Париз. Во фудналот никогаш не се знае. Тој ќе избере и ние ќе го следиме, Тешко е да се расправаш затоа што многу добро го познавам Мауро и точно знам што сака како фобалер и што го прави да се чувствува добро како човек. Ќе го следам во изборот како сопруга и како негов агент за дополнителна сигурност, -истакна Нара.



Спонзорирани линкови

Маркетинг