Екипата на РБ Лајпциг вечерва му гостува на Тотенхем во првата средба од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите, а интересна изјава во пресрет на оваа пресметка имаше тренерот на бундеслигашот, Јулијан Нагелсман кој проговори за неговиот прекар малиот Мурињо.
-Пред осум години го добив тој прекар. Тогашниот голман Визе ме нарече мал Мурињо, ама тоа траеше две недели, потоа пак бев Јулијан. Така да јас не сум малиот Мурињо. Без разлика на се ова не е дуел на Мурињо со малиот Мурињо, ова е меч на Тотенхем со Лајпциг, -истакна Германецот кој исклучително го цени португалскиот стратег.
-Мислам дека ова му е 59 натпревар во нокаут фазата во ЛШ, мене ми е прв. Почит кон него мора да се има, јас многу го почитувам. Освои титули со различни клубови, двапати беше најдобар во ЛШ. Остави длабока трага, -истакна 32 годишниот Нагелсман.