Денес го знаеме како една од најмоќните програми за обработка и „манипулирање“ на фотографии. Дали знаете како изгледала првата верзија на Фотошоп?
Фотошоп за прв пат беше претставен во „далечната“ 1990-та година, а на видео снимката подолу можеме да видиме како оваа програма изгледала на Macintosh Plus компјутерот од 1986-та година кој имал само 4 MB RAM меморија.
Освен тоа што оваа програма е многу корисна, за жал Фотошоп се користи и за многу злонамерни работи, па за жал со оваа фотографија, често се прават фотографии кои испраќаат разни лажни информации.
Токму од тие причини, компанијата "Adobe" мораше да започне да размислува како ќе преземе одговорност за тоа што може да се направи со оваа моќна програма.
Поради тоа, воведени се многу мерки како што е користењето на вештачка интелигенција за препознавање на лажните и обработените фотографии, како и "Content Authenticity Initiative" што би требало да помогне во потврда на изворите на некои фотографии на интернет.